Гатузо: Сакам да го водам Милан во Лигата на шампионите

Некогашниот европски првак Милан се надева дека конечно сезонава ќе успее да се врати во елитната европска лига на УЕФА. „Росонерите“ моментно се на седмото место со 56 бодови, но само шест ги делат од Аталанта, која е на четвртото место. Оваа разлика може да биде и преполовена ако Милан вечерва на свој терен ја победи Болоња, во последниот меч од 35-тото коло во Серија А.

Иако многу често сезонава се шпекулираше дека тренерот Џенаро Гатузо нема да ја заврши сезоната на клупата на тимот од „Сан Сиро“, популарнито Рино уште е предводник и се надева дека ќе успее да го внесе тимот во ЛШ.

„Желба ми е да го внесам Милан во ЛШ. Воопшто не размислувам за оставка. Не е моја карактеристика да се откажувам, туку да се борам. Не сум задоволен бидејќи се бориме, а губиме мечеви. Болоња е во добра форма по доаѓањето на Синиша Михајловиќ за тренер. Го променија стилот на игра, но за нас најважно е ние да се фокусираме на нашата игра и да одиграме со 100 отсто од можностите“, вели Гатузо.

Милан има само една победа во последните осум кола, но кога игра на „Сан Сиро“, сезонава се радуваше на 10 од 17 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести