27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Гатузо се присети на моментот кога Џејмс Бонд го замоли да не си оди од Ренџерс

Славниот шкотски актер Шон Конери во саботата почина на 90-годишна возраст и покрај тоа што ќе се памети по својата најпопуларна улога Џејмс Бонд 007, Конери бил и голем фан на фудбалот, а и самиот се пробал на терените во неговите помлади години.

Конери бил страстен фан на Глазгов ренџерс и често се појавувал на „Иброкс стадионот“, особено во доцните 90-ти години, кога кариерата на Џенаро Гатузо само што почнала. Рино во Глазгов се задржа една година пред да се врати во родната земја, но пред да го напушти Ренџерс, се сретнал со популарниот Џејмс Бонд, кој го замолил да не си оди.

„Со господинот Конери се сретнав само еднаш во мојот живот и веднаш остави убав впечаток. Паметам еден момент, поточно една вечер зборувавме и ме замоли да не го напуштам Ренџерс“, истакна Гатузо.

- Оглас -

Најнови вести