Гатузо се спаси, победа во локалното дерби и Наполи е на три бода од Јувентус

Наполи беше подобар од соседот Беневенто со 2-0 и со новите три бода дојде само на три бода од првакот Јувентус, кој е трет на табелата во Серија А и на 13 бода зад лидерот Интер, кој има и еден меч повеќе од Наполитанците и Јуве.

По разочарувачкото испаѓање од Лигата на Европа, се спомнуваше дека евентуален пораз од Беневенто може да значи и отказ за тренерот Џенаро Гатузо. Мертенс и Политано дадоа голови за триумф над Вештерките, со што му помогнаа на тренерот да си куп мир во следниот период и да не биде под притисок дека може да добие отказ.

Елиф Елмас влезе во игра во 82-рата минута, една минута откако Кулибали доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести