Гатузо сега е херој: Милан му нуди нов договор на Рино

Во изминативе неколку месеци, Џенаро Гатузо неколку пати беше пред отказ во Милан. „Росонерите“ играа под посакуваното ниво, а Гатузо беше посочен како еден од главните виновници. И покрај тоа што беше најавувано дека може да биде избркан од „Сан Сиро“, Гатузо остана, а сега се покажува дека тој потег бил правилен.

Во првенството и во Купот, Милан нема пораз повеќе од два месеци и сега е на позиција која води во Лигата на шампиони за следната сезона. Токму поради тоа, се најавува дека Гатузо може да добие нов договор од Милан.

Главни потези на „росонерите“ беше доведувањето на Пјонтек и Пакета, како и влегувањето во форма на Бакајоко. Актуелниот договор на Гатузо со Милан е до 2021 година, а новиот договор би бил подобрување на финансиски план, но и покажување доверба кон популарниот Рино.

- Оглас -

Најнови вести