Ѓаволите нема да си дозволат кикс против Канаринците

1006 Норвич – Манчестер јунајтед (18.30 часот)

Последнопласираниот тим на табелата во Премиерлигата, после двете победи по ред, повторно влегува во криза, и во последните три кола има две ремија и пораз. Канаринците се најнеефикасен тим во лигата со само 8 постигнати голови на 15 меча, а ја имаат и најлошата одбрана со 31 примен погодок. Јунајтед врза две победи по ред, оди по хет-трик. Добра вест за новиот тренер Рангник е што во одбраната би можел да се врати Варан, а во аут се Кавани и Погба. Црвените ѓаволи девет години немаат пораз на гостувањата во Норвич.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.14)

 

3004 Удинезе – Милан (20.45 часот)

Милан е нов лидер на Серија А, и интересно ќе биде да се види како ќе го издржат притисокот кој го носи првото место. Милан е многу поефикасен тим од Удинезе, а фриулијаните за кои игра Илија Несторовски, имаат дури седум ремија сезонава, и сигурно дека и вечер би биле задоволни со бод. Последната победа на Удинезе беше на 7 ноември, а од тогаш Милан не знае за нерешено. Удинезе дома не загубил од 26-ти септември. Традицијата најавува меч со најмногу три голови.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.98)

 

1305 Атлетик Билбао – Севилја (21.00 часот)

Баскијците се мајсторија за ремија и неефикасни мечеви, имаат дури девет нерешени игри во 16 кола, а гол-разликата има е 13-11. И Севилја има примено само 11 гола, но даде 25, и затоа е втора на табелата во шпанската лига. Гостите на ова незгодно гостување имаат два проблеми: неиграњето на Ракитиќ поради жолти картони, и лошата атмосфера откако испаднаа од Лигата на шампионите. Во последните 21 години секогаш имало победник кога вие два тима се среќавале во Билбао, можеби е време таа традиција да биде прекината.

Предлог тип: 0-2 гола (1.52)

 

2203 МТК – МОЛ Фехервар (19.30 часот)

Бојан Миовски во Будимпешта го пречекува тимот на Висар Муслиу, па ова е своевидно македонско дерби во Унгарија. МТК и понатаму е убедливо најнеефикасна екипа во лигата, иако во минатото коло победи и даде два гола. МОЛ Фехервар има два порази во последните три кола, и ако сакаат да останат во трка за местата кои водат во Европа, мора да победат. Муслиу се враќа после одлежаната суспензија од еден меч. Последните четири меѓусебни дуели на овие тимови во Будимпешта завршувале со голови на двете страни и на сите четири меча имало победник.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

1539 Спортинг – Боависта (21.30 часот)

На хартија, ова треба да биде чист кец. Спортинг Лисабон е во убава победничка серија, го дели првото место во португалската лига со Порто. Актуелниот првак има само 5 примени голови сезонава, а Боависта од 13 меча има само две победи, и тоа одамна, уште на стартот на сезоната во август. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи ги добиваше Спортинг без да прими гол, а во Лисабон, Боависта не дала гол уште од 2015 година.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.53)

 

- Оглас -

Најнови вести