Ѓаволите загризаа за Каземиро, му нудат двојно повисока плата

Манчестер јунајтед силно притиска да го добие потписот на Каземиро од Реал Мадрид. Неуспехот да го ангажираат Френки де Јонг и уште неколку алтернативи за средниот ред ги доведоа Црвените ѓаволи во ситуација решението да го бараат во Мадрид.

Имено, подготвени се да понудат до 80 милиони евра за 30-годишниот Бразилец, со тоа што Каземиро би заработувал двојно повеќе отколку носејќи го дресот на актуелниот европски и шпански првак. Бруто неделната плата на Каземиро во Реал е малку повеќе од 189.000 евра, во Манчестер би земал речиси 400 илјади евра.

Наводно и фудбалерот не би имал ништо против за трансфер на Островот бидејќи со Реал освои сè што можеше да се освои, и тоа повеќе пати, а најмногу импресионираат петте титули во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести