Ѓаволска победа на Арсенал – Супер дерби по кое Манчестер јунајтед само со чудо може да оди во ЛШ

Екипата на Арсенал со 3:1 славеше против Манчестер јунајтед во големото дерби од 34-то коло во Премиер лигата.

На „Емирати“ гледавме навистина одличен фудбал, а се чини дека можевме да видиме и по уште некој гол во мрежите. Средбата ја отвори Нуно Тавареш со гол во 3-та минута, откако дефанзивата на Манчестер јунајтед реагираше аматерски.

Неколку мигови, пак, односно во седмата минута имаше аплауз за Кристијано Роналдо за неговиот починат син. Додека, топчиите во 30-та минута преку добро изведениот пенал на Букајо Сака зголемија на 2:0.

Но, Португалецот донесе радост за гостите само неколку моменти подоцна, а постигнатиот гол кој беше 100 во дресот на Манчестер јунајтед, го посвети токму на прерано заминатиот негов син.

Во вториот дел, „црвените ѓаволи“ тргнаа далеку поофанзивно, имаа неколку шанси а најголемата беше во 57-та минута кога Бруно Фернандеш промаши пенал. Роналдо, подоцна го даде и вториот свој гол на средбата, но тој беше поништен поради офсајд.

Кога нема да се искористат шансите, казната стигнува, а немилосрден во 71-та минута беше Гранит Џака кој даде навистина убав гол за печат на победата на Арсенал.

Со оваа победа, Арсенал е на четврттото место со 60 бода по 33 одиграни натпревари, а следува Тотенхем кој има меч но и три бода помалку. Манчестер јунајтед, пак остана на бројката од 54 бодови, но и меч повеќе од двата лондонски тимови, а со тоа може да се каже дека само со чудо можат да обезбедат пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

- Оглас -

Најнови вести