Ѓаволска работа – Младите Белгијци го грабнаа „ајфонот“ на Спортска прогноза

Ѓаволски добра партија фудбал прикажаа младинците на Белгија на „Шварцвалд арената“ во Фрајбург против врсниците од Германија, победија со 3:2 и ги уништија сите надежи за „ајфонот“ што Спорт Манија и Sport Life го доделуваат во секое коло на Спортската прогноза.

Само 1.10 отсто од  1.242 учесници во 11-тото коло на многу популарната игра што ја организираме за вас погодија дека младите Црвени ѓаволи можат да го победат актуелниот европски вицешампион и двоен првак на Стариот Континент.

Тоа доведе до ситуација да нема ниту еден прогнозер со максимални 8 погодени двојки од натпреварите што веќе се одиграа, а беа на менито на 11-тото коло на Спортската прогноза. Сепак, има одлични прогнозери и во ова коло и дури деветмина се со по 7 точно погодени типови и имаат шанса за ваучер од 1.000 денари.

За прекрасниот мобилен телефон „IPhone XS“, за жал, ќе мора да се почека барем до следното коло на Спортска прогноза бидејќи за да го добиете, треба да се погодат сите 13 двојки од основната програма.

Многу интересна е и трката за Генерален пласман, каде што Дејан Д. остана лидер со 79 поени, но зад него е триото прогнозери со по 77 поени, а разликата е мала и до топ-50 изнесува само 9 поени.

Во играта за Генерален пласман, каде што премијата за шампионот е Смарт ТВ од 48 инчи, важат и поените од двата резервни парови.

За да ги погледнете вашите прогнози во тековното коло, поредокот во Генерален пласман и наградите посетете ја интернет-страницата на Sport Life и следете ги текстовите за Спортска прогноза на Спорт Манија.

- Оглас -

Најнови вести