Ѓаволски колапс во Лондон за четата на Солскјер (видео)

Вест хем му го зеде скалпот на Манчестер јунајтед со победата од 2-0 во мечот од шестото коло во Премиер лигата. Чеканите на Мануел Пелегрини им го нанесоа вториот пораз на Црвените ѓаволи по шест меча во шампионатот и воедно ги спуштија на осмата позиција на табелата.

Пред паузата Јармоленко донесе радост на стадионот по одличната комбинација со Андерсон. Гостите наместо да се изборат за израмнувачки гол во вториот дел, си направија уште поголеми проблеми во последните десетина минути од средбата. јанг направи фаул во опасната зона, а Кресвел со фантастичен удар од слободен го солвада Де Хеа за конечни 2-0.

https://www.dailymotion.com/video/x7lkhkv

https://www.youtube.com/watch?v=Z-rug47vv6E

Кристал палас и Вулверхемптон ремизираа при конечни 1-1, откако Жота во шестата минута од судиското надополнување ги спаси Волците од пораз во вториот меч од англискиот шампионат кој започна во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести