Сопственикот на Дуделанж порачува: Не се плашиме од смртта, а не па од Милан!

До неодамна за Луксембург се веруваше дека е земја во која играат само фудбалери-аматери, но екипата на Дуделанж докажа дека тоа не е  точно. Малиот клуб од Луксембург успеа да стигне до групната фаза од Лигата на Европа и веќе се подготвува за дебитантскиот настап.

Да биде совршено, Дуделанж на свој терен за противник го има некогашниот седумкратен европски првак Милан. „Росонерите“ се апсолутни фаворити, но претседателот на Дуделанж не сака да се предаде предвреме.

„Луѓето постојано ми ѕвонат и ми бараат билети за мечот. Сите сакаат да го гледаат Милан, но, за жал, им го давам истиот одговор – карти веќе нема. Стадионот ќе биде полн. Годинава за првпат сме во групната фаза, откако претходно неколку пати бевме многу блиску до таков успех. Како клуб кој доаѓа од Луксембург, често пати немавме фер судење, но и така успеавме да стигнеме до Лигата на Европа. Сега треба да уживаме. Ни доаѓа Милан и можам да кажам дека не се плашам од смртта, а не па од Милан“, вели првиот човек на Дуделанж, Флавио Бека.

Дуелот меѓу Дуделанж и Милан се игра утре, со почеток во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести