Газдата на Клиперс донираше 25 милиони, а тој на Хјустон отпушти 40.000 работници

Сопственикот на НБА тимот Лос Анџелес клиперс, Стив Болмер, донираше дури 25 милиони долари за борба против пандемијата од коронавирусот Ковид-19. Болмер е поранешен извршен директор на „Мајкрософт“, а според „Форбс“, богатството му е проценето на 57 милијарди долари.

Во САД бројката на заразени скокна на над 100.000. Помошта од газдата на Клиперс ќе биде за Сиетл, Лос Анџелес и во северо-источниот дел на сојузната држава Мичиген, каде што е роден. Роден е во Детроит (Мичиген), богатството го стекна работејќи во Сиетл, а сега поседува клуб во Лос Анџелес. Околу 10 милиони ќе бидат наменети за истражување и работа на пронаоѓање лек за вирусот.

Но, во НБА има и поинаков тип на газди на клубови. Бизнисменот Тилман Фертита, кој е прв човек на Хјустон рокетс, се одлучи на радикален и нехуман потег. Во овие тешки моменти им врачи отказ на 40.000 работници, затоа што му паднал профитот.

Фертита е сопственик на еден од најголемите ланец на ресторани и хотели во САД, човекот има богатство од 4,6 милијарди долари. На радикалниот чекор се решил за да ги намали загубите, но наводно има идеја после завршување на кризата, на работа да ги врати сите отпуштени.

- Оглас -

Најнови вести