Газдата на третолигашот се чуди: Едгар Давидс е катастрофален тренер

Едгар Давидс како фудбалер имаше многу успех и ги бранеше боите на европски гиганти, како што се: Ајакс, Милан, Јувентус, Барселона и Интер. Со Ајакс стана и европски првак, а 74 пати го носеше и дресот на холандската репрезентација.

По завршување на кариерата во 2014 година, Давидс се посвети на тренерската работа, но досега немаше поголем успех. Не само што немаше успех, туку Давидс доби лоши зборови за неговата работа. Претседателот на португалскиот третолигаш Ољаненсе, Луис Торес, беше разочаран што го ангажирал Давидс за тренер.

Планот на Ољаненсе било клубот да се пласира во Втората португалска лига, но откако не успеаја во своите намери, првиот човек на клубот, вината ја посочи во Давидс.

„Одлуката да го доведат Давидс за тренер се покажа како катастрофална. Давидс никако не успеа да ја поврзе играта на екипата и да креира посебен идентитет на теренот. Катастрофа. Го доведов Давидс по сугестија на спортскиот директор Андре Пападије. Тој ми тврдеше дека доаѓањето на Давидс ќе има финансиска корист за клубот. Уште чекам да видам која е таа корист“, нервозно коментира газдата на Ољаненсе, Торес.

 

- Оглас -

Најнови вести