Генералот по 28 години се врати на стадион, но неговиот тим загуби од истиот ривал

Еден од легендарните навивачи во Грција, Макис Мавромихалис, познат како Макис Манавис, или кратко Генералот, до пред 30-тина години беше водач на фановите на солунски ПАОК, но по еден пораз од ривалот Олимпијакос, тој се заколна дека веќе никогаш нема да стапне на „Тумба“, а тоа го направи во 1992, по меч со ПСЖ.

По долги убедувања, Генералот вчера си го погази зборот и се појави, предизвика еуфорија, но на ПАОК не му помогна гласната поддршка и загуби на свој терен од директниот ривал за титулата – Олимпијакос.

Историјата се повтори, тимот од Пиреја и по 28 години повторно е кобен за Макис.

- Оглас -

Најнови вести