Георгиев им ја спушти ролетната на Торонто

Њујорк ренџерс конечно по четири последователни порази од Торонто успеа да ја совлада канадската екипа убедливи 4-1. Ренџерите добија нов херој во Александер Георгиев, рускиот голман запиша неверојатни 55 интервенции од вкупно 56 удари на гостинските хокејари, што е негов рекорд во кариерата.

Домаќините поведоа со 2-1 по првиот период, додека дилемите се разрешија во 12-тата минута од третата третина кога Мекквејд погоди од огромна далечина за два гола предност, а до крајот Хејс се погрижи за триумфот да биде убедлив.

Триумф запиша и втората екипа од Њујорк, Ајлендерс на домашен терен славеше со минимални 2-1 над Минесота Вајлд. „Исланѓаните“ ја презедоа втората позиција во Источната конференција откако ја остварија 33-тата победа, додека Минесоста го претрпе четвриот пораз во последните пет меча.

Предноста од еден гол на домаќините по првите 20 минути не гарантираше ништо, па веќе по 38 секунди игра во вториот период хокејарите на Минесота израмнија преку Гранлунд. Но, исклучувањето на Битето беше шанса за Ајлендерс повторно да дојдат до водечки гол, а Товс токму тоа и го направи, а голот во втората минута се покажа како решавачки.

Резултати НХЛ:

Њујорк ренџерс – Торонто мејплс лифс 4-1

Њујорк ајлендерс – Минесота вајлд 2-1

Нешвил предаторс – Сент Луис блус 4-5 (по продолжение)

Бостон бруинс – Колорадо аваланш 2-1 (по продолжение)

Бафало сејберс – Винипег џетс 1-3

Чикаго блекхокс – Детроит ред вингс 5-2

Њу Џерси девилс – Каролина хурикејнс 3-2

Флорида пантерс – Тампа беј лајтнинг 2-5

 

 

- Оглас -

Најнови вести