Во документарецот „Јас сум Георгина“, партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригес, раскажа како реагирал Португалецот откако видел како Аргентина предводена од Лионел Меси стана светски првак на Мундијалот во Катар.
Според шпанскиот „Ас“, Георгина открила дека Роналдо буквално полудел по триумфот на Меси и другарите.
„Тој го грабна плејстејшнот од рацете на Кристијано јуниор и играше со Португалија против Аргентина до раните утрински часови. Сите натпревари ги доби со пет и повеќе гола разлика”, рекла Георгина.
Многумина се изненадени од одлуката на Георгина да открие толку интимна и компромитирачка информација за Кристијано.