Гергес ја сопре сензационалната Андреску и ја одбрани титулата во Окленд

Јулија Гергес ја продолжи успешната серија настапи на ВТА турнирот во Окленд, Нов Зеланд и ја освои втората титула по ред на турнирот со победа против Бјанка Андреску.

Германката нема пораз на овој турнир од полуфиналето во 2017 година, а ја почна тениската сезона во стилот на ланската. Во 2018 година имаше 46 победи на ВТА турнирите, што е трет најдобар ефект кај дамите.

Денеска во финалето почна лошо, го загуби првиот сет со 2:6, но продолжи победнички. Го доби вториот сет со 7:5 и потоа ја декласира сензацијата од Канада со 6:1 и ја одбрани титулата.

За Гергес ова е седма титула во кариерата, а нејзината противничка го играше првото финале во кариерата.

Андреску има само 18 години, а приреди вистинска сензација на турнирот, откако преку квалификации се пласира на главната сцена и ги победи Каролине Вознијачки, Венус Вилијамс и третата носителка Си Су-Веи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести