Гери Невил го нападна Роналдо: Срам ми е да го гледам како се однесува, Фергусон одма ќе го избркаше

Гери Невил како поранешен капитен на Манчестер јунајтед и член на генерацијата што под команда на Алекс Фергусон освои безброј трофеи вели дека однесувањето на Кристијано Роналдо е срамно.

Асот на Црвените ѓаволи цело лето се обидува да си замине од клубот и бараше трансфер, а на првиот меч што го играше во подготвителниот период против Рајо Валјекано со Столе Димитриевски на голот веднаш си замина од „Олд Трафорд“ отако беше заменет на почетокот на второто полувреме.

„Нечесен е односот на Роналдо кон клубот. Сум бил капитен на Манчестер јунајтед и вакво нешто не можеше ни да се сонува во ерата на Сер Алекс Фергусон. Сега дури и ми е срам да гледам како се однесува себично еден ас како Роналдо. Ни се случуваше неодамна и со Пол Погба, односно повеќе со неговиот менаџер. Таквите работи создаваат нездрава атмосфера во соблекувалната, во тимот, во клубот и се недозволиви за екипа од рангот на Манчестер јунајтед“, вели Невил.

Познатиот дефанзивец играше само за еден клуб во кариерата и мина цели 20 години во Манчестер јунајтед, од 1991 до 2011 година и Роналдо му беше соиграч цели шест сезони, од 2003 до 2009 година.

„Во тоа време никој не смееше така да се однесува во клубот. Сер Алекс Фергусон сигурно немаше да го трпи и исходот ќе беше само еден, збогум за Роналдо“, додаде Невил.

 

- Оглас -

Најнови вести