Гери Невил: „Сакам Клоп конечно да замине од Ливерпул, но тој е најдобриот тренер во светот“

Гери Невил важи за една од најголемите легенди на Манчестер јунајтед, клубот за кој настапи на 603 натпревари од 1992 до 2011 година. Поранешниот англиски репрезентативец низ целата своја клупска кариера имаше само еден тренер, сер Алекс Фергусон. Главна тема во Англија е заминувањето на Јирген Клоп од Ливерпул, тренерот на кого се гледаше како некој кој може да го надмине легендарниот Шкот.

Легендата на Јунајтед е искрен човек, вели дека како навивач на Црвените ѓаволи сака Клоп да си оди бидејќи со него Ливерпул е многу силна екипа.

„Би сакал да не биде тренер на Ливерпул и со нетрпение чекам да си оди, себичен сум бидејќи сè додека е тој тука, Ливерпул има големи шанси да биде успешен“, вели Невил.

Сепак, Невил вели дека според него, Клоп е најдобриот тренер во светот заедно со Пеп Гвардиола.

„Двајцата се извонредни тренери. Секогаш предност му давав на Клоп. Пеп е генијалец. Тоа што го направи во Барселона, Баерн и сега во Сити е неверојатно, но Клоп е голем човек. Одлично се вклопи во клубот, во целиот град, со навивачите. Ова е повеќе од обичен фудбал“, додава Англичанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести