Германките знаат да дадат и повеќе од еден гол, Шпанија и Кина одиграа за нула

Германија конечно оствари убедлива победа откако претходните две средби ги доби со минимални 1-0. Сега настрада селекцијата на Јужна Африка, а Германките реализираа четири погодоци во победата од 4-0.

За максималниот учинок во групната фаза, стрелаа Луполц, Дабриц и Поп во првото полувреме, а сите дилеми ги реши Магул речиси по еден час игра.

Женските селекции на Шпанија и Кина се бореа за второто место, а по мечот без голови, Шпанките патуваат како второпласирани со 4 бода, но имаат подобра гол-разлика од азиската репрезентација. Кина ќе го чека конечниот исход во табелата на третопласирани со надеж дека ќе игра во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести