Германски нисколигаш продава 120.000 билети за меч против невидлив противник

Германскиот нисколигаш Локомотив Лајпциг се наоѓа пред финансиски колапс поради пандемијата со Коронавирусот. Затоа управата на креативен начин се обидува да го спаси клубот од банкрот, па од 19 март наваму во продажба пуштија 120.000 билети за цена по едно евро за невидлив натпревар кој е закажан за утре, 8 април.

Овој клуб ја освои првата титула на германското елитно првенство уште во 1903 година, тогаш се викаше ВФЛ Лајпциг, но долги години се натпреварува во пониските шампионати. Целта е да се продадат сите 120.000 билети, што би било еднакво на бројот на гледачи кои присуствуваа за првиот полуфинален меч против Бордо во Купот на победници на куповите кој се одигра во 1987 година.

Не е откриено што ќе се случува утре, но се верува дека ќе биде присетување на славните времиња на овој клуб, кој во 1987 година играше и финале во Купот на победниците на куповите и загуби од Ајакс со минимални 1-0 со голот на Марко ван Бастен. Она што се знае е дека радиокоментаторите ќе пренесуваат во живо од стадион и ќе коментираат натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести