Германците тврдат дека трансферот на Гвардиол во Сити е завршена работа, Хрватот ќе стане најскап дефанзивец во историјата

Германскиот магазин „Билд“ пишува дека трансферот на Јошко Гвардиол од Ред Бул Лајпциг во Манчестер сити е „завршена работа“ и наскоро се очекува и официјална информација од двата тима.

Според „Билд“, најновата понуда на Сити изнесува 90 милиони евра, плус неколку големи бонуси со кои вкупната сума би изнесувала нешто повеќе од 100 милиони евра, колку што бара германскиот тим.

Доколку се реализира трасферот, Јошко Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата, надминувајќи го Хари Мегваер за кого Манчестер јунајтед му плати 87 милиони евра на Лестер во 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести