Ги чекаат со раширени раце – Европа има рекордер без освоен бод на гостински терен

Белградскиот Рад е европски рекордер сезонава според црната серија од 14 порази на гостувањата. Српскиот прволигаш на исто толку гостински натпревари не успеа да освои ниту еден бод и има гол-разлика од 6:38.

Радовци вчера беа многу блиску до прекин на мизерната низа од порази, но не успеаја да освојат барем еден бод во Ниш. Водеа со 2:0 против Раднички со голови во првите 20 минути, потоа имаа и предност од 2:3 до 55-тата минута, но на крајот пак загубија, по 14-ти пат сезонава, откако примија два гола за ново неуспешно гостување со пораз од 4:3.

Интересно е што во Првата српска лига има уште еден клуб што не победил на гостински терен, тоа е Мачва, но клубот од Шабац барем успеа четирипати да ремизира.

Тоа се и двете најлоши екипи на табелата во конкуренција на 16 клуба, а Рад поради нешто подобри резултати на домашен терен е претпоследен со 15 бодови, два повеќе од фенерџијата Мачва.

- Оглас -

Најнови вести