Ги добил прашањата на тацна – Суарес положил италијански јазик со измама

Луис Суарес мамел на испитот за познавање на италијански јазик, објави државната агенција АНСА, па најновиот скандал ќе предизвика сериозна истрага во Италија.

На Универзитетот во Перуџа, според објавата на АНСА, Суарес ги добил прашањата пред испитот, па му останало само рутина да ги најде одговорите за да положи.

Ова доаѓа откако му пропадна трансферот во Јувентус поради сложената процедура за добивање пасош. Сопругата на Суарес е Италијанка, па се очекуваше тој да положи италијански јазик во експресна процедура, па да добие и пасош за да може да се пресели од Барселона во Јувентус.

Сега таа опција е минато и Луис Суарес се насочи кон трансфер во Атлетико Мадрид, клуб кој сака да го ангажира одличниот стрелец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести