Ги имаме четворицата губитници на годината

На задоволство на неутралните фудбалски љубители, Англија вчера го загуби своето прво европско финале откако Аѕурите се покажаа како подобри пеналџии, а четворица играчи на Гордиот Албион се издвоија како најголемите губитници на годината.

Квартетот на Манчестер сити, Кајл Вокер, Џон Стоунс, Фил Фоден и Рахим Стерлинг, загуби две европски финалиња за околу еден и пол месец.

На 29 мај овие четворица фудбалери како стартери за Сити загубија од Челзи во финалето на Лигата на шампионите, а нивното неискуство во мечеви за континентална титула се покажа како голем хендикеп и на „Вембли“.

Останати играчи кои во иста година загубиле финалиња во ЛШ и ЕП се Михаел Балак (2008 година со Германија и Челзи) и Антоан Гриезман (2016 година со Франција и Атлетико Мадрид).

- Оглас -

Најнови вести