Ги издрибла противниците како Меси и со среќен гол му донесе огромна радост на Тунис (ВИДЕО)

Јусеф Мсакни е херојот на Тунис бидејќи со неговиот гол тие се пласираа во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации.

Оваа селекција со 1:0 ја победи фаворизираната Нигерија, која и покрај тоа што има голем број на играчи во најквалитетните лиги доживеа рана елиминација.

Мскани погоди во 47-та минута, откако еден од дефанзивците на Нигерија лошо ја процени топката. Тој, потоа во стилот на Лео Меси измеша неколку игреачи и со удар од некаде 25 метри даде среќен гол.

Голманот на Нигеријците, Мадука Окоје реагираше очајно откако ударот идеше ниско, речиси по средината на голот, но, многу влијаније врз оваа интервенција имаше тоа што топката тапна пред него.

Алекс Ивоби во 64-та минута доби црвен картон и со тоа ја запечати судбината на Нигерија.

Со оваа победа, Тунис во четврт-финалето си закажа дуел против селекцијата на Буркина Фасо.

- Оглас -

Најнови вести