Ги надмина и Меси и Роналдо, но никогаш не ја доби наградата

Џонатан Соријано е фудбалер кој според бројките на дадени голови, имаше сезони кога беше пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Сепак, Соријано никогаш не ја доби наградата „Златна копачка“ поради тоа што не играше во Топ 5 лигите во Европа.

Како младинец започна во Еспањол, а потоа замина во Барселона. Во каталонскиот гигант играше за резервниот тим каде беше прв стрелец со 32 голови, но сепак не доби договор за да игра во првиот тим. Соријано стана вишок и мораше да си замине од Барселона.

Потпиша за Салцбург, каде во првата сезона даде пет гола на 15 мечеви. Потоа следуваа блескавите сезони на Соријано. Во втората сезона даде 26 гола на 32 лигашки меча, додека следната сезона му беше рекордна и даде дури 48 гола на 43 средби! Таа сезона, Соријано беше далеку најефикасен фудбалер во Европа, но не ја доби Златната копачка, поради тоа што не играше во Топ 5 лигите, па коефициентот за погодоци во Австрија е помал.

„Знам дека австриската лига не е Шпанија, Англија или Германија, но кој се разбира во фудбал знае дека воопшто не е лесно да се постигнат толку голови“, тогап изјави Соријано, кој даде вкупно 172 гола во дресот на Салцбург.

Потоа се пресели во Кина каде помина две сезони, а една година играше и во Саудиска Арабија. По играњето во Азија, Соријано кој сега има 35 години, се врати во Шпанија и сега игра во второлигашот Кастелјон.

 

- Оглас -

Најнови вести