Ги налути навивачите: Артета ќе го задржи Мустафи

Микел Артета, по сите изгледи, сака да го навлече гневот на фановите на Арсенал. Откако Давид Луис ја продолжи соработката со клубот, на ред дојде Шкодран Мустафи да го стори тоа, иако навивачите очекуваа овие двајца играчи да го напуштат Арсенал по крајот на сезоната.

На Мустафи му истекува договорот во јуни 2021 година, но во изминатиов период го импресионираше Артета со своите настапи, со кои ќе заработи нов договор на „Емирати“. Ова е знак дека Топчиите ќе немаат длабок џеб за пазарење летово, па реконструкцијата на тимот ќе трае подолго од очекуваното.

- Оглас -

Најнови вести