Ги направи гиганти во фудбалот, тие се неговиот најсакан клуб и се простија од Пеле само со два збора: Вечен си!

Сантос е клубот во кој Пеле го одигра најзначајниот дел од кариерата и мина цели 18 години растејќи заедно со него до небески височини.

„Црно-белите“ со тага ја примија веста за смртта на фудбалскиот великан и се простија од него само со еден збор: Вечен си!

Пеле почина денеска на 82-годишна возраст по долгата битка, откако беше опериран туморот на дебелото црево кај трикратниот светски првак.

За Сантос, кој му е прв професионален клуб во кариерата, одигра 636 натпревари и постигна неверојатни 618 гола, или безмалку по еден на меч во просек.

Неодамна од Сантос објавија дека ќе го сменат клупскиот грб во чест на Пеле и изјавија:

„Ти си нашата легенда и нè направи гиганти од мал клуб. Со тебе како лидер освоивме шест бразилски титули и по два пехари во Копа Либертадорес и во Интерконтиненталниот куп. Ти благодариме“, беше пораката за поддршка за Пеле во моментите кога тој ја биеше најважната животна битка.

- Оглас -

Најнови вести