Ги нарекуваа лифт поради преселбите прва-втора лига и обратно, а сега станаа прваци на Норвешка

Бодо Глимт за првпат во својата 104-годишна историја стана шампион на Норвешка. Тимот од градот кој има 50.000 жители и игра на стадион со 3.600 седишта, титулата си ја обезбеди со победата над Стромсгодсет од 2-1 и сега на пет кола до крајот има недостижни плус 18 бода во однос на ланскиот првак Молде.

Титулата за Бодо Глимт е релативно изненадување бидејќи во Норвешка тие беа познати како „лифт“, клуб кој постојано се селеше од прва во втора лига и обратно. Последната промоција им беше во 2017 и за три години успеаја да се стабилизираат како прволигаши и да освојат прва титула.

Се чини дека клуч на нивната титула е што пролетоска, кога се прогласи светска пандемија, не продадоа ниту еден играч и не престанаа со тренинзи, туку заминаа на подготовки во Шпанија. На физички план ги уништуваа противниците и надмоќно дојдоа до титула.

- Оглас -

Најнови вести