Ги престигна сите, една од најспектакуларните победи на Хамилтон во кариерата

Феноменално издание на Луис Хамилтон, кој со својот Мерцедес вчера на спринтот стартуваше последен, денешната трка за Големата награда на Бразил ја почна како десетти, но ги престигна сите кои беа пред него и триумфално мина низ целта.

Неговиот ривал Макс Ферстапен водеше 58 круга, а на 12 круга до крајот, Хамилтон го претстигна и Холанѓанецот, па без проблем ја одработи победата.

До крајот на сезоната има уште три трки, а Ферстапен има предност во однос на Хамилтон од достижни 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести