Ги сметаат за „ладни“, но не е така – Исландски коментатор е хит, врескаше како луд по вториот гол на Родриго (Видео)

Исландскиот коментатор е хит на социјалните мрежи поради начинот на кој реагираше по вториот гол на Родриго во 92-рата минута, со кој Реал Мадрид поведе со 2:1 против Манчестер сити, направи голем пресврт само за 120 секунди и потоа со голот на Карим Бензема од пенал во првото продолжение славеше со 3:1 и ќе игра финале во Париз против Ливерпул за европската круна.

Исланѓанецот и буквално полуде и врескаше на цел глас во ситуација кога Родриго само за 120 секунди со два гола направи луд пресврт и го спаси Реал од елиминација.

Icelandic commentator´s reaction to Rodrygo second goal. from soccer

Реал трипати по ред во елиминациската фаза од Лигата на шампионите направи чудесен камбек и ги елиминира ПСЖ, Челзи и Манчестер сити, иако беше на прагот да ги заврши натпреварите во ЛШ.

Финалето ќе се игра во Париз на 28 мај, а Реал ќе атакува на рекордната 14-та круна, додека Ливерпул ќе игра за седмата европска титула.

 

- Оглас -

Најнови вести