Ги тренираше Бекам и Михајловиќ и кажа кој бил подобар во слободните удари (Видео)

Шведскиот фудбалски стручњак Свен-Јоран Ериксон смета дека Синиша Михајловиќ бил подобар изведувач на слободни удари од Дејвид Бекам затоа што актуелниот тренер на Болоња направил хет-трик на еден натпревар со голови од слободни удари и тоа е нешто што го видел само еднаш во кариерата.

Ериксон го тренираше Србинот во Лацио, кога тој на меч против Сампдорија во сезоната 1998/99 даде дури три гола од слободни удари. Како селектор на Англија, Ериксон соработуваше и со Бекам, но сепак предност му даде на Михајловиќ.

Погледнете го хет-трикот на Михајловиќ:

- Оглас -

Најнови вести