Ги засени сите ѕвезди – играч на Калјари е најдобар во Серија А

Раџа Наинголан е избран за најдобар фудбалер во Серија А за ноември. Играчот за врска на Калјари блесна во ноември постигнувајќи два гола со удари од далечина, а имаше и три асистенции.

Некогашниот белгиски репрезентативец го предводеше Калјари до две победи и едно реми во овој месец, што беше доволно тимот да се искачи на четвртото место на табелата. Калјари има 25 бодови од 13 меча, а зад него моментно се екипи од калибарот на Рома, Наполи, Аталанта и Фиорентина.

„Наинголан е еден од најдобрите играчи за врска во првенството. Успеа да се врати во најдобрата форма во клубот кој успеа да го донесе во Серија А“, вели извршниот директор на Серија А, Луиџи де Сиерво.

 

- Оглас -

Најнови вести