Гигантот ќе има најмногу фудбалери на Мундијалот, а Брајтон, Бриж и Рен се побројни од Интер и Ливерпул

Уште пет дена остануваат до стартот на Светското првенство во Катар, а фудбалските репрезентации веќе пристигнуваат во земјата домаќин. Најдобрите 32 селекции ќе се борат за највредниот трофеј кој се доделува еднаш во четири години, а интересна е статистиката за тоа кои клубови даваат најмногу играчи на овој планетарен собир.

Најмногу фудбалери на Мундијалот испрати Баерн Минхен. Германскиот гигант има дури 17-мина играчи на СП во Катар, а веднаш зад Баварците се Барселона и Манчестер сити со по 16-мина играчи.

По малку изненадувачки е фактот дека четврти клуб со најмногу репрезентативци е Ал-Сад од Катар, но тоа е екипата во која играат најголем дел од играчите на домаќинот на СП. Дури 15-мина репрезентативци дава екипата на Ал-Сад, што е повеќе дури и од Манчестер јунајтед, кој е со 14-мина играчи и Реал Мадрид со 13-мина фудбалери.

Меѓу клубовите со најмногу играчи на СП се: Ал-Хилал и Челзи со по 12-мина играчи, а по 11-мина фудбалери даваат Ајакс, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Јувентус, ПСЖ и Тотенхем. Со по 10-мина играчи се Арсенал и Севилја, а Брајтон Бриж, Лајпциг и Рен ќе имаат по осуммна свои фудбалери. Интересно е тоа дека Интер и Ливерпул имаат само седуммина свои играчи на СП во Катар.

- Оглас -

Најнови вести