32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Главата на контроверзниот Хинтерегер му донесе спас на Ајнтрахт

Мартин Хинтерегер одговара со одлични игри на трпението што го имаше раководството на Ајнтрахт за него и со два потези му донесе еден бод на Ајнтрахт, против Херта.

Популарните „орли“ губеа со 0:2 од тимот што го предводи Јирген Клинсман, но стоперот имаше поинаков план. Најпрво намали на 1:2 со одличен удар со глава во 65. минута, а потоа исто така со глава му асистираше на Роде за израмнување во самиот финиш на мечот.

Хинтерегер летово беше „фатен“ во пијана состојба, како едвај стои на нозе на фестивал во родната Австрија, а потоа го преспа и тренингот на Ајнтрахт, па не се појави.

Раководството на Ајнтрахт не го казни, а 26-годишниот австриски репрезентативец враќа со одлични игри и голови и асистенции.

- Оглас -

Најнови вести