Главниот судија му даде црвен картон на помошникот, а причината е бизарна

Во фудбалот сме навикнати да гледаме најразлични ситуации, но тоа што се случи во Србија е повеќе од бизарно. На дуел од втората кадетска регионална лига на дуелот меѓу Млад Борец и Рудар се случи чудна ситуација. Главниот судија реши да му покаже црвен картон на својот помошник!

Гостите победија со 2:1, а пропуштија и пенал, но резултатот остана во втор план. Моментот за чудење се случи во 72. Главниот судија Предраг Которчевиќ реши да му даде црвен картон на помошникот Даниел Милутиновиќ, кој по кратка расправија, мораше да го напушти теренот. Се верува дека причина за исклучувањето на помошникот е лична нетрпеливост со главниот арбитар.

Кога помошникот бил исклучен, од теренот се повлекол и вторит помошник, кој решил да покаже солидарност кон својот колега. И тоа не било проблем за главниот судија, кој сам го судеше остатокот од мечот. По завршување на мечот, сите тројца судии биле пријавени од делегатот, а потоа добиле и суспензија од четири месеци.

 

- Оглас -

Најнови вести