Глејзер ќе го гаси пожарот во Манчестер со екстра засилување

Навивачките протести во Манчестер не стивнуваат, се бара заминување на сопственикот на Јунајтед, Џоел Глејзер, а Американецот за да го стивне пожарот, најави големо летно засилување за клубот.

Глејзер и раководството на Црвените ѓаволи подготвуваат понуда за Тотенхем вредна околу 100 милиони евра за да го купат Хари Кејн, моментно најдобриот стрелец во Премиер лигата и еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Кејн сака да игра за екипа што има шампионски амбиции и во Англија и во Лигата на шампионите, а со Тотенхем не успева да стигне до врвот, па трансфер е можен.

Глејзер сака да ја „купи“ довербата на навивачите, кои се незадоволни од резултатите на клубот, но и најмногу од киксот со Суперлигата, што не им беше по мерак.

Протестите ескалираа во неделата, кога стотици симпатизери на Црвените ѓаволи влетаа на „Олд Трафорд“ на неколку часа пред дербито со Ливерпул.

Мечот требаше да се игра од 17.30 часот, но имаше оштетувања на тревникот и на дел од техниката на стадионот, па големото англиско дерби беше одложено.

Навивачите на Јунајтед најавија нови протести за десетина дена.

 

- Оглас -

Најнови вести