Глејзери продадоа акции на Манчестер јунајтед, а клубот нема да „види“ ни едно евро

Сопствениците на Манчестер јунајтед, фамилијата Глејзер, одлучија да продадат 8 проценти од акциите во клубот вредни повеќе од 120 милиони евра, а ниту едно од нив нема да се слее во клупската каса.

Двајцата браќа, Дејвид и Едвард Глејзер, тоа го направија на њујоршката берза вчеравечер и дадоа кратка изјава: „Клубот нема да добие пари од оваа продажба на акциите“.

Во март оваа година, на такво нешто се одлучи и третиот нивен брат, Аврам, кој инкасираше околу 100 милиони евра од продажбата на акциите.

И покрај ваквите потези, Глејзери остануваат доминантни сопственици на Манчестер јунајтед со 68 проценти сопственост и најавија дека немаат никакава намера за продажба на тимот.

Како што е познато, веќе неколку години навивачите на Манчестер јунајтед се жалат од управувањето на сопствениците, кои го купија клубот пред 16 години.

 

- Оглас -

Најнови вести