Глумицата вели дека немала како да се одбрани од човек кој е тежок 150 килограми

Глумицата Касандра Петерсон откри дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Вилт Чемберлен, секусално ја злоставувал. Петерсон во својата книга вели дека легендарниот Чемберлен ја присилил на орален секс и откри што точно се случило.

„Зошто не вриштев, не бегав и не се бранев? Кога за врат ќе ве зграби човек од 216 сантиметри и 150 килограми, тогаш не можете да направите ништо. Дали требаше да пријавам во полиција? Дали се шегувате? Какви се шансите на една обична глумица против спортска суперѕвезда?“, открива глумицата.

Чемберлен кој е единствениот кошаркар во историјата на НБА лигата што на еден меч успеал да постигне 100 поени, тврдеше дека во животот спиел со преку 20.000 жени.

„Се прашувам колку од тие жени навистина сакале да имаат секс со него. Јас молчев цел живот. На никого му немав кажано, затоа што се чувствував понижено. Мислев дека јас сум виновна за тоа што ми се случи, дека сум лоша личност. Со тек на време сфатив дека јас не сум направила ништо лошо“, додава 70-годишната глумица.

Чемберен кој е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, почина во 1999 година на 63 години.

- Оглас -

Најнови вести