Глупав потег на Лозано што му пресуди на Наполи, Мексиканецот доби црвен картон во напад (Видео)

Хирвинг Лозано направи глупав потег во 84-тата минута на дуелот меѓу Наполи и Фиорентина и беше исклучен, што можеби беше и клучен момент за елиминацијата на Елмас и соиграчите во Купот на Италија.

Лозано при резултат 1:2, кога Наполи притискаше за израмнување и продолженија, беше во напад, но лошо ја прими топката и потоа уште полошо стартуваше со отворен ѓон во дуелот со Нико Гонзалес.

Судијата Ајролди прво му покажа жолт картон на Мексиканецот, но потоа со помош на ВАР-системот се коригираше и заслужено го исклучи Лозано.

Во тој момент двете екипи имаа по 10 играчи во поле, а потоа беше исклучен и Фабијан Руиз кај Наполи.

Домаќините сепак успеаја да израмнат на 2:2 со голот на Петања во последните моменти од регуларниот дел, но беа декласирани во продолженијата, па со три гола во низа Фиорентина победи со 5:2 и ќе игра против Аталанта во четвртфиналето на Копа Италија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести