Гнабри со вториот гол испиша историја во ЛШ

Серж Гнабри со два гола е јунак на првите 45 минути од полуфиналето Баерн – Лион, а офанзивецот на Баварците постави еден интересен рекорд во историјата на Лигата на шампионите. Тој сезонава има девет гола во ЛШ и сите ги даде на гостински терен, а ниту еден дома во Минхен. Ова е рекорд, досега никој не дал девет гола во една сезона и сите да бидат на гости.

На Гнабри најдобро му одеше во Лондон, дури 4 гола даде против Тотенхем, два против Арсенал, а засега три погодоци има реализирано во Лисабон (еден против Барса и два против Лион).

Баерн сезонава во ЛШ даде 40 гола и на пат е да го стигне рекордот на Барселона од 1999/00, кога Каталонците дадоа 45.

- Оглас -

Најнови вести