Гнабри вели дека знае која ќе биде тактиката на Македонија

Серж Гнабри е еден од главните адути на германската репрезентација за дуелот против Македонија. Како играч на Баерн Минхен, во изминативе 12 месеци Гнабри се израдува на шест големи трофеи во дресот на Баерн Минхен, а сега негова цел е да освои трофеи и во репрезентативниот дрес.

Во 19 настапи за Германија, Гнабри досега даде 15 погодоци и сигурно ќе биде една од најголемите опасности за голот на Столе Димитриевски. Ѕвездата на Баерн најави дека нема да ја потценат Македонија затоа што се работи за квалитетен состав, кој знае да изненади посебно од контранапади.

„Знаеме дека македонските репрезентативци се технички добро потковани. Верувам дека нивната тактика ќе биде да застанат цврсто во дефанзивната линија, а преку контранапади да се обидат да го загрозат нашиот гол. Се надевам дека брзо ќе ги решиме сите дилеми околу победникот и нема да стравуваме до последниот момент како што беше тоа на последниот меч против Романија. Сигурно нема да ја потцениме Македонија и очекувам тежок меч“, рече Гнабри во пресрет на средбата во Дуисбург.

Најверојатните состави на двата тима може да ги видите ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести