Го бараа Барселона, Реал и Баерн, а тој одлучи да остане во Лајпциг!

За репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо, постоеше интерес од неколку гиганти, помеѓу кои беа Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен, но тој сепак се одлучи да не менува ништо и потпиша нов договор со Лајпциг.

Олмо и Лајпциг имаа договор до следното лето, но сега тој договор е продолжен и важи до 2027-мата година. Според германските медиуми, Олмо е главниот играч на екипата и врз него ќе се гради тимот за следната сезона. Шпанецот сега е најплатениот играч на Лајпциг, а доколку некоја екипа сака да го купи, откупната клаузула е 60 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести