Го бараше Реал и го доби, а потоа Салах порача: Време е за одмазда!

Ливерпул и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, што ќе биде реприза на борбата за трофеј од 2018 година. Пред четири години, Реал Мадрид со 3:1 победи во финалето и го освои трофејот, додека фудбалерите на Ливерпул имаа многу несреќа во тој дуел.

Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, беше повреден по еден дуел со Серхио Рамос, кога дефанзивецот на Реал падна директно врз рамото на противникот и голгетерот на Ливерпул беше заменет само по 30 минути игра. Во второто полувреме, голманот на Ливерпул, Кариус, направи две катастрофални грешки, по кои Реал Мадрид даваше голови и тоа беа решавачките моменти во финалето.

По пласманот на Ливерпул во финалето оваа сезона, Салах посака Реал Мадрид да им биде ривалот во финалето и тоа се случи. Египетскиот репрезентативец сега најави дека сака одмазда за поразот од 2018 година.

„Гледам дека дојде часот за одмазда. Кога го загубивме финалето во 2018 година, сите бевме многу тажни. Мислам дека сега е дојдено времето да се реваншираме“, е пораката на Салах.

Според коефициентите во Sport Life, Ливерпул е фаворит за победа во финалето од ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести