Го чека ли и Динамо Москва дебакл на гостувањето кај Краснодар?

Динамо Москва вчера не отпатува на гостувањето кај Краснодар, откако беше потврдено дека тројца играчи од првиот состав имаат Коронавирус. Летот беше откажан, откако Клинтон Нжи, Шарл Каборе и Себастијан Шумански биле позитивни на тестот за опасниот вирус, а двајца фудбалери покажале дека имаат антитела што значи дека го поминале вирусот.

Од Динамо бараат дуелот да се одложи, но последните информации се дека челниците на фудбалската федерација нема да го дозволат тоа, па се очекува Динамо Москва денеска да игра со младинскиот тим.

Нешто слично се случи пред неколку дена, кога шестмина играчи на Ростов беа заразени со Коронавирусот, па на мечот против Сочи, Ростов играше со младинците. На крајот, тој дуел заврши со убедлива победа на Сочи од 10:1, иако младинскиот голман на гостите постави рекод по бројот на одбрани на еден дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести