Го чекаме Хендрикс, а тој во улога на командос

Додека македонската кошаркарска јавност е во дилема дали Ричард Хендрикс ќе и се приклучи на нашата репрезентација и ќе настапи на гостувањето кај Косово в четврток, тој е во Франција, и добро се забавува со своите нови клупски колеги.

Хендрикс летово стана член на францускиот првак Ле Ман. На завчерашниот пријателски меч против Шоле, Хендрикс беше во првата петорка на Ле Ман, имаше 7 поени и 9 скока за 23 минути игра. Со оваа статистика, покажува дека е во доволно добра форма, и останува да одлучи дали ќе и се приклучи на македонската репрезентација, или „црвено-жолтите“ првпат после речиси 20 години, ќе играат без натурализиран кошаркар.

Тренерот на Ле Ман мисли и на подобрување на тимската хемија во тимот, па на Хендрикс и останатите играчи им организираше популарно наречен „тим билдинг“, со посета на една касарна. Таму кошаркарите и стручниот штаб видоа како е да се биде професионален војник во француската армија, денот го искористија за физички тешки вежби кои ги прават војниците, а дури потоа се рекреираа.

- Оглас -

Најнови вести