Го гаѓаше судијата со топка во глава, доби 10-годишна казна (Видео)

Бизарен инцидент се случи на новогодишниот турнир во мал фудбал во Копривница, а казната за виновникот е драстична и Јурица Иванушец не може да игра во следните 10 години.

Откако судијата го исклучи од игра, Иванушец на изненадување на сите во салата го погоди арбитерот со топка во глава. Потоа имаше и инцидент меѓу играчите на двете екипи, но брзо беше смирена ситуацијата, а мечот сепак беше прекинат.

Мечот беше регистриран со резултат од 5:0 во корист на Кафе бар Лаверна, а видеото од инцидентот и бизарниот потег на Иванушец стана вирален хит.

Погледнете.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=18&v=LyNs8nBXHqo&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести