Го има еден од најсилните шутеви, а овојпат здрма со неверојатна афера

Бразилецот Хулк се прослави играјќи за Порто и Зенит, но откако во 2016 година реши да замине во Кина, за него се слуша само кога ќе постигне некој неверојатен погодок. Хулк е познат како еден од играчите со најсилен шут во светот, па често ги здрмува противничките голмани.

Овојпат бразилскиот репрезентативец здрма надвор од фудбалскиот терен. Голгетерот на кинескиот Шангај Шенхуа призна дека по 12 години брак, ќе се разведе. Хулк ја остави сопругата Иран Анџел, откако потврди дека е во врска со нејзината внука Камила.

„Одлучив да ставам крај на врската со мојата партнерка Иран Анџело де Соуза. Мојата нова девојка е нејзината внука Камила. Се јавив и кај родителите на Камила и нејзиниот брат за да ја официјализирам врската. Целата работа започна во октомври и веќе не сакам да се кријам. Мојата позиција е транспарентна и не сакам веќе да лажам“, откри Хулк.

- Оглас -

Најнови вести