Го има највредниот дрес на светот, но ги одбива и милионските понуди

Некогашниот англиски фудбалски репрезентативец Стив Хоџ, го има кај себе дома оригиналниот дрес кој го носеше Диего Марадона кога ги даде двата легендарни голови против Англија во четвртфиналето на СП во 1986 година во Мексико. Хоџ вели дека не се вистинити пишувањата оти бара милион евра за да го продаде дресот кој стана многу баран после смртта на Марадона.

Хоџ за ниту едни пари не би го продал дресот, но потврдува дека има огромен број на понуди од луѓе кои ги платиле богатство за дресот кој 34 години го чува кај себе.

Хоџ е играчот кој го имаше најдобриот поглед при вториот неверојатен гол на Марадона против Англија, бидејќи цело време трчаше зад Диего додека Аргентинецот го имаше слаломот пред да го даде голот на векот.

„Не можев да го стигнам. Бев заморен, се играше на голема надморска возичина, немав воздух во белите дробови“ – раскажува Хоџ.

Хоџ се сеќава дека многумина Англичани, а и негови соиграчи, го критикувале што си разменил дрес со човекот кој на тој меч им даде гол со рака.

„Тој меч никогаш нема да биде заборавен и ќе остане во фудбалската историја. Не го обвинувам Марадона за тој гол со рака. Тој беше исклучителен фудбалер, храбар како лав, ги трпеше сите удари. Јас дресот го имам 34 години и никогаш не сум се обидел да го продадам. Дресот има огромно сентиментална значење за мене. Читав на интернет дека сум барал милион или два за дресот. Тоа е лага и многу некоректно. Дресот не е на продажба“ – вели 58-годишниот Хоџ кој добива илјадници повици со богати понуди за дресот.

 

- Оглас -

Најнови вести