Го имаме и првиот учесник во плејофот, Јокиќ продолжува да прави чуда во НБА

Феникс санс е првиот тим кој и официјално обезбеди место во плејофот во НБА-лигата, откако на гости лесно со 111:90 го победи Мајами. За Феникс ова беше 53-та победа во 66 меча и со над 80 отсто победи во досегашниот дел, си обезбеди место во разигрувањето за титулата.

Дуелот против Мајами требаше да биде дерби на двата најдобри тима на Истокот и Западот, но Феникс покажа зошто е најдобар во лигата. Мајами само во првото полувреме беше конкурентен кога на полувреме Феникс имаше само две позитиви, но во вториот дел Сонцата заблескаа. Третата четвртин гостите ја добија со убедливи 34:19 и беше јасно кој ќе победи. За Мајами ова беше 23-ти пораз во 67 меча, но останува лидер на Истокот.

Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е незадржлив. Србинот имаше ефект од 38 поени, 18 скока и седум асистенции за победа на Денвер на гости кај Сакраменто. За Денвер ова е четврта победа во низа, односно дури 14-ти триумф во последните 16 средби. На последните три меча, Јокиќ има просек од 39 поени, 15 скока и 10 асистенции, со шут од поле со 73 отсто прецизност.

Резултати: Шарлот – Бостон 101:115, Детроит – Чикаго 108:114, Мајами – Феникс 90:111, Хјустон – ЛА лејкерс 139:130, Милвоки – Атланта 124:115, Минесота – Оклахома 132:102, Њу Орлеанс – Орландо 102:108, Далас – Њујорк 77:107, Сан Антонио – Торонто 104:119, Сакраменто – Денвер 100:106, Јута – Портланд 123:85, ЛА клиперс – Вашингтон 115:109.

- Оглас -

Најнови вести